29 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведската економија доживува неочекуван раст

Шведската економија доживува неочекуван раст

Економијата на Шведска порасна во февруари, што ги изненади аналитичарите. Бруто домашниот производ на оваа скандинавска земја се зголеми за 0,1% во однос на претходниот месец, покажуваат бројките објавени од шведската статистичка агенција. Тоа ги надмина очекувањата на економистите анкетирани од „Bloomberg“, кои процениле пад од 0,2 отсто.

По јануарското проширување од 1,1%, февруарското покажа дека првите три месеци од оваа година веројатно ќе забележат поостро враќање на растот по три последователни квартали на контракција.

Додека шведската централна банка се подготвува да ја намали референтната каматна стапка од нејзиниот 15-годишен врв од 4 проценти во мај или јуни, финансиската институција предупреди дека посилната побарувачка може да го одложи намалувањето бидејќи може да поттикне зголемување на цените.

Растот во вториот месец од годината беше објаснет, меѓу другите фактори, и со растот во услужниот сектор, според Матијас Кејн Вајат, економист во агенцијата за статистика.

Податоците за потрошувачката на домаќинствата за февруари, исто така објавени во четвртокот, покажаа дека трошењето останало пригушено, опаѓајќи за 0,5 отсто во однос на претходниот месец и останувајќи за 0,3 отсто пониско од истиот месец во 2023-та година. Домаќинствата во скандинавската земја беа под притисок во последните две години од забрзување на инфлацијата и повисоки трошоци за задолжување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП