Неочекуван пресврт: Ачерби нема да биде казнет за расизам!

Франческо Ачерби ќе може да продолжи да настапува до крајот на сезонава во дресот на Интер откако Дисциплинската Комисија при Серија А попладнево донесе одлука дека искусниот дефанзивец не е виновен за расистичми навреди кон Хуан Жезус за време на дербито меѓу Интер и Наполи.

Ваквата пресуда доаѓа како голем пресврт откако во изминатите денови Ачерби најпрвин беше отстранет од националниот тим, по што и почна со тренинзи изолирано од останатокот првиот тим на Интер. Се најавуваше казна од десет меча неиграње, дури и раскин на договорот со Интер, но по долго разгледување на сите докази дисциплинците решија дека нема причина за санкција, прогласувајќи го Ачерби за невин во случајот против него.

Во соопштението со кое се образложува одлуката, дисциплинците тврдат дека и покрај прегледувањето на сите видео и аудио снимки од натпреварот, не можел да биде пронајден доказ за обвинувањата од Жезус дека бил расисистички навредуван. Посебен акцент е ставен токму на тој период од мечот кога дојде до конфликт меѓу двајцата фудбалери, биле побарани и изјави од судиите на натпреварот, но ниту еден не сведочел дека чул расистичка навреда од фудбалерот на Интер.

„Расизмот е нешто против што се бориме со сите сили и секогаш следат сериозни казни. Сепак, за да постојат казни за вакво дело мора да има и докази, што овојпат не беше случај. Затоа, наша одлука е дека обвинетиот Франческо Ачерби не треба да биде санкциониран“, се вели на крајот од соопштението.

Се вчитува...