Македонија

Прилепчанец исчезна пред два дена, пронајден е мртов: „телото е дадено на обдукција“

Прилепчанецот Александар Јошески по кого се трагаше два дена, синоќа е пронајден мртов, објавија членовите на неговото семејство.

„Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е веќе меѓу нас“, напишаа од семејството.

Јошески исчезна на 21 февруари, а последен пат бил виден кај автомеханичар „Цуцуло“. Од МВР велат дека телото е дадено на обдукција.

„Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп“, информираат од МВР.

На почеток