Попоски најави детална анализа за престојнава зима – Температурите на Балканот паѓаат под -20 степени, Ќе има и многу снег!

0
177

Славчо Попоски – познатиот МЕТЕО Прогнозер објави детална анализа за престојнава зима. Еве каква зима ќе имаме…

Најновите анализи направени од наша страна, и тоа со помош на најпрецизните нумерички модели во светот укажуваат дека на Балканскиот Полуостров му претсои многу активна зима, и тоа гледано по врнежите и по циклоните.

Тоа значи дека претстојната зима кај нас ќе биде исполнета со врнежи од дожд и снег, а ќе има и чести снежни бајки, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите). Дури можна е појава и на снежно невреме и натпросечни снежни врнежи во регионот, но и кај нас во Македонија. Овие врнежи особено се очекуваат во месеците јануари, февруари и март.

Што се однесува до температурите, тие би можеле да бидат малку над просекот, но секако дека очекуваме и чести продори на поларниот вртлог од север кој би условил екстремно ниски температури на воздухот (до околу, па дури и под -20 степени). Се на се, оние кои се лубители на снегот, оваа зима и тоа како ќе си дојдат на своето.

И најголемиот дел од Европскиот Континент ќе има зима богата со врнежи, што значи дека снегот нема воопшто да недостасува (односно ќе го има доста). Европа уште од сега се соочува со многу снегови и студ. Снежната покривка во Алпскиот регион веќе надминува и 100 сантиметри, а зимата не ни започнала.

извор: meteoalarm.mk