Top Sport

Канадскиот голман Борјан во постојана „војна“ со хрватските навивачи

Мечот помеѓу Хрватска и Канада беше „жесток“ по изјавата на канадскиот селектор Џон Хердман дека ќе мора да ја „е.ат“ Хрватска, но и поради голманот на Црвена звезда и на канадската репрезентација, Милан Борјан.

Борјан е роден во Книн, Хрватска, од каде што е избеган за време на војната во поранешна Југославија, а неколку пати во минатото ги провоцираше хрватските навивачи изјавувајќи дека тој е роден во Република Српска Краина.

За време на мечот, тој постојано беше навредуван од хрватските навивачи со извици „Борјан, усташa“, „Жена ти е ку.ва“ и слично. Тој им одговараше со кревање на три прсти, но на крајот прими четири гола и неговата репрезентација е официјално елиминирана од Мундијалот.

Scroll to Top