Позната е следната дестинација на Марко Ројс

Марко Ројс, долгогодишниот капитен на Борусија Дортмунд за негов последен натпревар ќе му биде финалето во Лигата на шампионите. Пред една недела играчот од средниот ред на „милионерите“ објави дека заминува од Борусија по завршувањето на сезоната, после 12 години минати во клубот од неговото детство.

Сега е познато дека Ројс ќе замине и од Европа, и најверојатно ќе се пресели во МЛС Лигата. На адресата на искусниот германски играч стигнале неколку понуди од клубови од САД, и најверојатно ќе замине таму, каде ќе ја заврши кариерата.

Ројс е дете на Борусија Дортмунд, а потоа замина во Борусија Менхенгладбах. Од таму повторно се врати во Борусија Дортмунд во 2012 година, а една година подоцна го однесе тимот во финалето во ЛШ, но го загуби финалето од Баерн Минхен. Тој не успеа да освои ниту еден шампионски пехар со „милионерите“, а најблиску беше минатата сезона кога го загуби пехарот во последното коло.

Се вчитува...