еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Прва ВМРО-ДПМНЕ, втора СДСМ, трета коалицијата „Вреди„: Анкета на ЦРПЦ

Според анкетата на Центарот за политички истражувања и комуникации (ЦРПЦ) направена во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги „Глас на вистината”, спроведена телефонски во периодот од 8 до 13. април, опозициската ВМРО-ДПМНЕ има најголема доверба кај граѓаните.

На партијата својот глас би и го дале 22,8 отсто од анкетираните, а за владејачката СДСМ би гласале 16,3 отсто од испитаниците.

Трета е коалицијата “Вреди„ со 7,7 отсто, следи коалицијата „Европскиот фронт„, 6,9 отсто, за Левица би гласале 3,9 од анкетираните, за ЗНАМ, 3,2 отсто од анкетираните…

Дури 17,6 отсто одговориле дека нема да гласаат за никого, а 21,6 отсто не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена врз 1.210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето било реализирано на ниво на цела Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи и географската распределба.

Маргина на грешка на оваа анкета е плус или минус 3 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Давкова прва, Пендаровски втор, Таравари трет: Анкета на ЦРПЦ

Фото: Игор Бансколиев/илустрација: ЦРПЦ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 50 пациенти заболени од корона вирусот, вкупно до сега 1.351

Редакција

ЕСМ за ноември ќе набави природен гас од „Макпетрол“ за топланите „Исток“ и „Запад“

Редакција

(Видео) НП Маврово слави 70 години: Убавината каде што се раѓаат нови водопади и дивите животни си прават селфи

Редакција