• недела, 13 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО - ДПМНЕ: Венко Филипче на отворена сцена денес го фалеше Зоран Заев

ВМРО - ДПМНЕ: Венко Филипче на отворена сцена денес го фалеше Зоран Заев

Скопје, 3 април 2025 

Венко Филипче на отворена сцена денес го фалеше Зоран Заев.

Со други зборови тој кажа дека народот треба да му биде благодарен што Заев ја водеше држава, што го смени името, ја упропасти економијата, што СДС стана безгласна буква преку ДУИ, Артан и Ахмети.

Венко Филипче не чувствувал одговорност за модуларната болница, и кажа дека понудил оставка, а не кажа дека заеднички со Заев одлучија да продолжи да биде министер за здравство и оставката беше само блеф кој народот не ја проголта.

Венко Филипче е продолжение на црнилата, криминалот, предавствата и поразите на Зоран Заев.

Тој нема никаков кредибилитет. Тој е само чувар на фотелјата и продолжена рака на Зоран Заев.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан