29 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИXiaomi со скок во приходите на крајот на 2023 година

Xiaomi со скок во приходите на крајот на 2023 година

Кинеската технолошка компанија Xiaomi во вторникот објави двоцифрен раст на приходите во четвртиот квартал од 2023 година, благодарение на силната продажба на мобилни телефони што сигнализира закрепнување во секторот.

Во периодот од октомври до декември, приходите на Xiaomi се зголемени за 11 отсто, на 73,24 милијарди јуани (9,37 милијарди евра).

Прилагодената нето добивка се зголеми повеќе од тројно, скокајќи на 4,9 милијарди јуани.

Xiaomi испорача 40,7 милиони мобилни телефони во последните три месеци од минатата година, 23 отсто повеќе отколку во истиот период во 2022 година и се рангираше на третото место во светот со пазарен удел од 13 отсто, покажуваат податоците на истражувачот Canalys.

„Како што се очекуваше, вкупните испораки на паметни телефони беа подобри во втората половина на 2023 година отколку во првата“, рече претседателот на Xiaomi, Лу Вејбинг. „Трендот на глобалниот пазар на електроника за широка потрошувачка продолжува да покажува постепено закрепнување“.

Во Кина, најголемиот пазар, компанијата испорача 9,5 милиони уреди, 12 отсто повеќе отколку на крајот на 2022 година и се рангираше на петтото место, со пазарен удел од 13 отсто.

Сè позаситениот пазар го охрабри Xiaomi да ги прошири своите операции во други сектори. Во Кина се познати и по апарати за домаќинство, а влегоа и на пазарот на електрични возила, согласно планот претставен во 2021 година.

До крајот на месецот компанијата планира да започне со испораки во Кина, преку 59 продавници во 29 градови. Набљудувачите на пазарот очекуваат цената да биде објавена на презентацијата на возилото, закажана за 28 март.

Xiaomi инвестираше 10 милијарди јуани во развојот на електричното возило, рече Леи, а планира да инвестира вкупно 10 милијарди долари во автомобилскиот бизнис во следните десет години.

Минатата година нивните трошоци за истражување и развој се зголемија за 19,2 отсто, на 19,1 милијарди јуани, пред се поради новите проекти во бизнисот со електрични возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП