logo
logo
logo

Внуката на ајатолахот Хамнеи го повикува светот да ги прекине врските со Иран

Vecer | 27.11.2022

Внуката на ајатолахот Хамнеи го повикува светот да ги прекине врските со Иран

Видеото, објавено од Фариде Морадани е споделенo на социјалните мрежи по нејзиното апсење на 23 ноември, според активистичката новинска агенција ХРАНА.

„Слободни луѓе, застанете со нас и кажете им на вашите влади да престанат да го поддржуваат смртоносниот режим што убива деца“, вели Морадани во видеото. „Тој режим не е лојален на ниту еден од неговите верски принципи и не познава други закони освен сила и останување на власт“, ​​порачува таа.

Канцеларијата на ајатолахот Хамнеи не беше достапна за коментар на барањето на Ројтерс.

ХРАНА наведува дека во повеќе од два месеци национални протести до 26 ноември биле убиени 450 демонстранти, меѓу кои 63 малолетници. Се додава дека биле убиени 60 припадници на безбедносните сили, а уапсени се 18.170 лица.

Протестите предизвикани од смртта на 22-годишна Курдка, приведена поради „несоодветно носење“ хиџаб се најголемиот предизвик за иранската верска влада од Исламската револуција во 1979 година, забележува Ројтерс.

Видеото од уапсената Фарида Морадани го објави нејзиниот брат кој живее во Франција.

Нејзиниот татко, Али Морахани Аранге, шиитски свештеник кој се спротивстави на режимот на Шах Шахлави, а потоа и на верскиот режим, неодамна почина во Техеран по години во самица поради неговиот став кон Исламската Република, според неговата веб-страница.

Ова не е прва критика на верските власти во Иран која доаѓа од член на семејството на највисоките функционери. Во 2012 година, Фаезех Хашеми Рафсанџани, ќерка на починатиот претседател Акбар Хашеми Рафсанџани, беше осудена на затвор поради „ширење антидржавна пропаганда“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk