Руски авион се урна во Црното Море

Руски воен авион се урна во Црното Море кај Севастопол, соопшти регионалниот гувернер Михаил Развозаев.

Тој во објава на „Телеграм“ наведе дека пилотот безбедно се катапултирал пред да се урне авионот.

„Воен авион се урна во морето. Ниту еден цивилен објект не е оштетен. Пилотот се катапултирал и неговиот живот не е во опасност“, напиша Развозајев.