Поврзете се со нас

Англија

Пена за големиот талент кој Реал го договори: Ова е лекција за Челси…

Објавено

на

Фото:twitter.com/Palmeiras

Сите големи клубови имаат скаути низ целиот свет и се обидуваат најдобрите, најквалитетни млади играчи да ги донесат во своите редови.

Секако Бразил е поднебје кое секогаш нуди интересни, магични фудбалери, па се повеќе гледаме дека се праќаат огромни суми на пари за тинејџери со голем потенцијал, играчи кои треба да блеснат во блиска иднина.

Пример за тоа е Реал Мадрид со ангажманот на Винисиус Жуниор и Родриго кои сега се супер значајни за екипата, но шпанскиот великан веќе има договорено уште еден бисер и тоа е Ендрик за кого му плати 60 милиони евра.

За напаѓачот беа заинтересирани и други клубови како Барселона, Челси…за да на крајот Реал ја добие битката. Агентот на фудбалерот, Фредерико Пена проговори за трансферот и притоа откри дека „сините“ биле во пол позиција на почетокот, ама трансфер обештетувањето ги натeрело да се повлечат од операцијата.

-Мислам дека Реал одлучи дека никогаш нема да пропушти уште еден талент како [Винисиус Жуниор] или Ендрик откако Нејмар се пресели во Барселона. Можеби ова е лекција за Челси затоа што беа во пол позиција на стартот. Родителите на момчето го посетија Кобам и беа импресионирани, но Челзи беше загрижен за трансфер сумата, а потоа кога Реал влезе и беше подготвен да плати што сака Палмеирас, тоа стана речиси невозможно за нив, открива Пена за „Дејли Телеграф“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни