Украинската влада одвои уште 15,5 милијарди гривни (392 милиони долари) за купување дронови за армијата, соопшти денеска украинскиот премиер Денис Шмигал на каналот Телеграм.
„Ова е дополнителен ресурс на буџетот од 43,3 милијарди гривни (околу 1,1 милијардa долари ), што веќе беше доделен за набавка на беспилотни летала во текот на оваа година.
Средствата ќе и бидат доделени на Државната управа за посебни комуникации, која е надлежна за соодветните јавни набавки.
Со денеска доделените средства, нашите безбедносни и одбранбени сили ќе добијат 300. 000 беспилотни летала “, се наведува во објавата на украинскиот премиер. сд/фото:МИА архива .
Извор: МИА