Search

Дубравка Угрешиќ на деветтото издание на „КРИК – фестивал за критичка култура“ во организација на Контрапункт

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“, на 26 април, петок со почеток во 19:30 часот, во КСП Центар – Јадро, почнува деветтото издание на „КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт“.

На отворањето на изложбата ќе говорат Маја Бојаџиевска и Петар Милат.

КРИК 09, годинава се одржува во тематската рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“.

Изложбата ќе биде отворена до 9 мај, кога со почеток во 19:30 часот ќе има промоцијата на четири книги од Дубравка Угрешиќ.

На прашањето со што точно се занимава во „Црвеното училиште“, Угрешиќ ќе одговори: „Искрено, не знам. Вистина, не ми се страни поимите како appropriation art, intervention art,soc-art…своевремено, бев магепсана со концептот soc-art на уметниците Илја Кабаков, Александар Меламид, на писателот Лев Рубинштајн и други. Го открив и искривоколчениот аматеризам на Хенри Даргер, го сакам југословенскиот соц-артист Душан Оташевиќ, ги обожувам филмовите на Душан Макавеев, но мислам дека одговоротне треба да го бараме во таа насока. Јас никако не сум „уметница“, и сеG што е на изложбата е рециклажа, постапка на очудување или зачудност, кои настојувам да ги постигнам со мали интервенции. Што се однесува до интервенциите и во нив користам училишни техники: повторување на мотивите, прецртување, истакнување, задскривање и слично. Кога велам дека сеG е рециклажа, тоа пред сеG, се однесува на материјалот со кој се служам. Нема ниту една моја реченица, ниту еден мој цртеж (бидејќи не сум уметница). Тоа, од денешна перспектива е археолошки материјал, а со тој вид археологија малку кој се занимава.“

За изложбата таа ќе напише: „Посетителите на оваа изложба ќе ги воочат остатоците од минијатурното црвено училиште купени одамна во некоја амстердамска старинарница, како и мојата опсесивна(зло)употреба на петокраката ѕвезда и српот и чеканот. Од денот кога Хрватска е прогласена за независна држава, а од тогаш до денес поминаа точно триесет години, хрватското ментално и визуелно поле постепено го окупираа свастики, црни како бубашваби, во сите големини. Петокраките ѕвезди расфрлани низ моите „дребулии“ спаѓаат во компулзивен гест на еден губитник. Иако „црвената ѕвезда“ не беше мојот идеолошки беџ, ниту пак во моето детство нејзината присутност не беше нападна, сепак, како би можело да се заклучи, судејќи по моите дела, таа стана присутна. Црвената ѕвезда не е ниту одбрана ниту заштита, ниту пак политичка стратегија. Таа е оној тивок, но постојан аларм. Beeper. Црвената ѕвезда е тука за да се постави прашањето дали сите оние свастики – бубашваби навистина неG поплавија?“

Дубравка Угрешиќ (1949 – 2023) е авторка на книгите: „Поза за проза“, „Штефица Цек во челустите на животот“, „Животот е бајка“, „Форсирање на романот-река“, „Музеј на безусловното предавство“, „Забрането читање“, „Министерство на болката“, „Никого немадома“, „Тука нема ништо!“, „Нарилник за вештерки“. Живееше и работеше во Амстердам.

Изложбата е во организација и пријателско партнерство помеѓу Мултимедијалниот институт (Загреб) и Контрапункт/Крик – фестивал за критичка култура. Се реализира во рамките на проектот „Периферни погледи“ (Periferal visions), соработнички проект на European Institute for Progressive Cultural Policies (Виена), Контрапункт (Скопје), kuda.org (Нови Сад), Културтрегер (Загреб), Маска (Љубљана), Мултимедијален институт (Загреб), а кофинансирано е од средствата на Европска унија – Креативна Европа. Проектот е поддржан и од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, Канцеларијата за здруженија на граѓани на Владата на Република Хрватска и Град Загреб. КРИК Фестивал 09 е поддржан од AICS Tirana во рамките на „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание

Најново

Последни колумни