Алкарас: Сакам да бидам најдобар тенисер во историјата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас изјави дека целта му е да биде најдобар тенисер на сите времиња. Алкарас, кој има 21 година, досега има освоено две гранслем-титули и моментно се наоѓа на третото место на АТП ранг-листата.

Тој на прашање на новинарот на Би-би-си, Расел Фулер, дали целта му е да го надмине рекордот на Новак Ѓоковиќ од 24 гранслем-титули, даде интересен одговор.

„Да, нормално. Јас сум амбициозно момче. Знам дека речиси е невозможно да се собори рекордот на Новак кога станува збор за гранслем-титулите, јас сакам да постигнам големи работи и нормално дека целта ми е да го надминам тој рекорд. Сакам да бидам дел од тениската историја“, изјави Алкарас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести