Натурализираниот македонски кошаркарски репрезентативец Итан Хап доби отказ од евролигашот Валенсија. Овој потег е очекуван со оглед на тоа што оваа сезона воопшто не забележа настап за овој тим, а во минатата сезона одигра вкупно 33 минути на пет различни натпревари. Хап заминува од Валенсија, но останува во Шпанија и кариерата ќе ја продолжи во Бургос со кој веќе тренира одредено време. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Американецот со македонски пасош Итан Хап ја напушти Валенсија по спогодбеното раскинување на договорот со шпанскиот кошаркарски клуб. Хап има 29 години, висок е 208 сантиметри и игра на позициите центар и крило. Препорачано Хап во претходниот период беше надвор од терените долго време додека се опоравуваше од повреда на стапалото. Договорот првично требаше да трае до крајот на тековната сезона. Хап пристигна во Валенсија во летото 2024 година, ...

