На 12. мај инаугурација на Силјановска за шефица на државата

од Nikola Popovski

Македонија избра прва жена претседател. Професорката Гордана Силјановска-Давкова освои 560.173 гласа, а Пендаровски 251.541 гласа на вториот круг на претседателските избори. Оттаму седницата за инаугурација на новата претседателка ќе биде закажана за в недела, на 12 мај.

„Претседателот Митрески ќе ја закаже Инаугуративната седница откако ќе го добие Извештајот од ДИК, рокот е до петок до 19 часот. Откако ќе го добие Извештајот ќе ја закаже Инаугуративната седница, која ќе се одржи на 12.05 (недела) во 12 часот“, стои во прес-службата на Собранието.

На седницата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска- Давкова ќе даде свечена изјава од кога го почнува и официјално претседателскиот мандат.

Рокот на ДИК да ги испрати конечните резултати до Собранието е утре (петок) до 19 часот.

Врз основа на Уставот претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили. Претседателот своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.

Слични содржини