Клоп по Ливерпул се враќа во Борусија Дортмунд, но нема да биде тренер

Јирген Клоп на крајот од сезоната по девет години си заминува од Ливерпул, и во морето шпекулации за новата работа, денеска се појави нова која вели дека Германецот повеќе нема да биде тренер.

Весникот „Индепендент“ пишува дека Клоп по Ливерпул ќе се врати во Борусија Дортмунд, но не како тренер, туку како спортски директор и тоа идната година.

Клоп со оваа функција би имал големи овластувања, неговиот збор ќе биде последен за сите работи кои се поврзани во клуботи, со фудбалерите, како и со трансферите.
Актуелен спортски директор на Борусија Дортмунд е Себастијан Кел, но неговиот договор истекува во 2025 година, а весникот потсетува дека Клоп планира следната сезона да одмора од фудбалот.

Јирген Клоп како тренер на Борусија Дортмунд освои две титули во Бундеслигата (2011, 2012) а во 2013 година играше во финалето во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести