Економија
ОД БЕЛГРАД ДО ЉУБЉАНА СО ВОЗ СО 200 КМ/ЧАС, Србија ќе ја модернизира пругата кон Загреб и Љубљана
21.08.2024
Србија ќе ја реконструира и модернизира пругата Стара Пазова – Шид - државна граница со Хрватска, која е на меѓународниот железнички „Коридор 10“ на кој се поврзуваат Белград, Загреб и Љубљана.
Пругата Стара Пазаова – Шид – државна граница со Хрватска е долга околу 89 километри. Проектот за модернизација на оваа пруга на српска територија предвидува нејзина реконструкција и модернизација за брзина до 200 километри на час.
Оваа пруга до хрватската граница е градена во 1928 година, а поединечни делници не беа реконструирани со децении. Ова влијаеше и на намалување на брзината на возовите во просек од 50 до 60 километри на час, пишува „Новости“.
фото freepic