Поврзете се со нас

АТП

Добар ден за македонските тенисери во Куршумлијска Бања

Објавено

на

foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонските тенисери имаат успешен ден на фјучерсот во Куршумлијска Бања што се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Место во главната фаза обезбедија Обрад Марковски и Шендрит Деари, додека единствено Стефан Мицов не успеа да ги мине квалификациите, поточно на тој пат му застана Георге Лазаров од Бугарија кој славеше со 2-0 во сетови.

Марковски го надигра Лука Тодоровиќ со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-4, додека Деари беше подобар од Александар Љубојевиќ со 2-1 во сетови.

Првото коло пак во „главниот ждреб“ го мина Горазд Србљак, ас кој го надигра Никола Јовиќ, односно му препушти само три гејма (60 63). За нареден ривал ќе го има Бранко Ѓуриќ од Србија (19 години, 791.место АТП), кој со 2-0 во сетови (63 75) го совлада осмиот носител Даисуке Сумизава од Јапонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни