ПСЖ и Реал Мадрид налето сакаат да пазарат кај Интер

Реал Мадрид и ПСЖ се заинтересирани за двајца фудбалер на лидерот во Серија А, Интер, и веќе ги подготвуваат понудите за летниот преоден рок, објави весникот „Тутоспорт“.

Кралевите се заинтересирани за Алесандро Бастони, додека ПСЖ сака на „Паркот на принцовите“ да донесе уште еден француски репрезентативец, Маркус Тирам. Интер за двајцата фудбалери бара по 80 милиони евра отштета.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, бара од управата во летниот преоден рок да не мисли само на Килијан Мбапе, и да му донесе елитен дефанзивец. Желбата на Анчелоти е тоа да биде Бастони за кого интерес пројавува и Манчестер сити.

Управата на ПСЖ наследникот на Мбапе кој на крајот од сезоната ќе си замине, го пронајде во Интер, тоа е Маркус Тирам. ПСЖ и минатото лето преговараше со Тирам, но напаѓачот одлучи да потпише за Интер и не погреши бидејќи сезонава досега одигра 30 меча за Нераѕурите во сите натпреварувања и постигна 11 гола.

- Оглас -

Најнови вести