Дончиќ и Ирвинг го исфрлија Клиперс, Орландо избори „мајсторка“

Кошаркарите на Далас се пласираа во полуфиналето на Западната конференција на плеј-офот откако го совладаа ЛА Клиперс со 114-101, и така со 4-2 во победи изборија пласман во следната рунда.

Блескаа ноќеска Лука Дончиќ и Кајл Ирвинг. Првиот уфрли 30 поени, другиот два помалку и го предводеа својот тим до триумф.

Во серијата на првата рунда на истокот, и натаму нема разрешница. Орландо славеше во шестиот натпревар над Кливленд, и така се избори за мајсторка.

На Кавалирс не им помогнаа ниту 50 поени на Донован Мичел, затоа што на другата страна со здружени сили на Паоло Банкеро 27 поени, Франц Вагнер со 26 и Џејлен Сагс со 22 имаа решение за Кливленд.

Победникот на оваа серија во полуфиналето на истокот ќе се сретне со Бостон.

Се вчитува...