Вести Свет

Ердоган: Турција е подготвена да ја подобри соработката со Русија против тероризмот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин кажа дека Турција е подготвена да ја подобри соработката со Русија во борбата против тероризмот, сфаќајќи ја неопходноста од спротивставување на сите негови форми и манифестации без исклучок, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на турскиот лидер.

„Нашиот претседател Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Тој најостро го осуди чинот на терор врз невини луѓе и изрази сочувство до рускиот претседател и народот на Русија за терористичкиот напад во Москва“, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот на Турција, пренесено од Тасс.

Во соопштението се наведува дека Ердоган за време на разговорот кажал дека нападот во Подмосковјето покажал дека регионалната криза треба да се заврши мирно, што е можно поскоро.

Во нападот во салата „Крокус“ ​​во Москва вчера загинаа 143 лица, а повеќе од сто луѓе се ранети, соопшти претходно денеска Рускиот истражен комитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе