Top Sport

Премиерот на Англија реагираше откако Најк ги смени боите на знамето на новите дресови

Англиската фудбалска репрезентација ги претстави новите дресови, во кои ќе настапува на Европското првенство во Германија.

Дресовите се во ретро стил, личат на оние од 1966 година, кога Англија беше светски шампион.

Меѓутоа, во јавноста настана паника кога сфатија дека „Најк“ ја сменил бојата на знамето и крстот на Свети Ѓорѓи наместо во црвена е обоен во разни бои.

Незадоволството во Англија е толку големо што регираше и премиерот Риши Сунак. Тој ги предупреди производителите да не се шегуваат со националните симболи.

„Со овие работи не смеете да се шегувате бидејќи тие се ја престатвуваат гордоста, идентитетот и заедништвото. Тие симболи одредуваат кои сме ние“, рече британскиот премиер.

Scroll to Top