Полувреме во ЛШ: Барселона ќе мора да се одбрани со играч помалку, Борусија има убедливо водство (Видео)

Нов вистински спектакл приредуваат екипите на Барселона и ПСЖ на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. По првите 45 минути резултатот на „Монжуик“ е израмнет, 1-1, а Каталонците ќе мора да се одбранат со играч помалку во вториот дел.

Барселона дојде во водство со голот на Рафиња во 12-тата минута, што е негов трет во двомечот со ПСЖ.

Во 29-тата минута Барселона остана со играч помалку на теренот откако Араухо заработи директен црвен картон по фаулот над Баркола на работ од шеснаесетникот.

Бројчаната предност на теренот, фудбалерите на ПСЖ ја искористија во 40-тата минута, кога Дембеле најдобро се најде во противничкиот шеснаесетник и ја смести топката зад грбот на Тер Штеген.

На екипата на Борусија Дортмунд ѝ требаа само 45 минути за да ја анулира предноста на Атлетико Мадрид од 2-1 од првиот натпревар. „Милионерите“ веќе имаат водство од 2-0 и се на едно полувреме од пласман во полуфиналето.

Резултатот го отвори Јулијан Брандт во 34-тата минута, откако убаво проби по левата страна.

И вториот гол за Борусија падна од слична позиција, по левата страна, а овојпат прецизен беше Јан Матсен во 39-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести