Ума Турман и Ричард Гир во новата драма на Пол Шредер, премиерно на Канскиот филмски фестивал

69
Фото:принтскрин/Х

Она што се навестуваше во светските медиуми во текот на изминатите месеци, оваа недела доби и официјална потврда – режисерот и сценарист Пол Шредер премиерно ќе прикаже нов филм на претстојниот филмски фестивал во Кан.

Станува збор за продукција наречена „Ох, Канада“, а многумина предвидуваат дека ова ќе биде уште еден исклучително значаен проект на Шрадер.

Главната улога ја толкува Ричард Гир, за кого ова е прва соработка со познатиот американски режисер по култниот филм „Американски Жиголо“. Заедно со Гир, главните улоги ги толкуваат Ума Турман и еден од најбараните млади актери во Холивуд, Џејкоб Елорди, пренесува Сортир а Парис.

Станува збор за драма чиј централен лик е писателот и левичар Леонард Фајф, кој е на работ на смртта. Филмот ја прикажува неговата сегашност, но и делови од неговото минато, поточно неговата младост, кога решил да побегне од Америка во Канада за да избегне регрутирање за војната во Виетнам.

Сценариото беше засновано на мотиви на романот на Расел Бенкс „Преминато“.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај.