Поврзете се со нас

Германија

Напаѓачот на Чаби со порака до хејтерите: Еве ви слика со трофејот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04_en

Баер Левекузен во неделата стана национален шампион и за првпат во својата историја ја освои титулата во Бундеслигата, славје од кое дел беше и шпанскиот напаѓач, Борха Иглесијас.

Иглесијас пристигна во тимот на Чаби Алонсо од редовите на Бетис како замена за повредениот Виктор Бонифасе, а иако не забележа некој позначаен учинок, на крајот ќе му се препише титулата германски шампион.

По победата над Вердер Бремен, Борха бил интервјуиран од „Мовистар плус“ и објавеното видео за жал донесе низа негативни коментари на сметка на напаѓачот, токму поради прескромниот учинок кој го оставри во изминатите три месеци.

Фановите му се потсмеваа за фактот што не забележа ниту еден гол и ниту една асистенција, но тоа очигледно го испровоцира Борха, кој денес реши да им одговори на сите хејтери.

– Мора да правам нешто многу добро во животот, штом по едно интервју во кое се заблагодарувам и во кое изјавувам колку е убаво да се освои германското првенство, добивам толку ударри. Многу ви благодарам, се надевам дека еден ден ќе бидете среќни во вашиот живот.

– Набрзо ќе објавам слика со трофејот, за уште повеќе да беснеете. Ако ништо друго, се надевам дека ќе ви послужи како терапија за испуштање на бесот и подобрување на вашата фрустрација, – порача Иглесијас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни