Вести Македонија

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Павле Трајанов е реизбран за претседатгел на Демократски сојуз (ДС) на денешниот 7-ми Конгрес на партијата на кој присуствуваа над 400 делегати и гости. Старо-новиот лидер на ДС апелира до граѓаните на масовност за парламентарните избори, но и за вториот круг на претседателските, а членовите ги повика да гласаат за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и за кандидатите за пратеници од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Трајанов од говорницата зборуваше за приоритетите на ДС за наредниот период. Како прво, нагласи тој, потребни се коренити уставни промени, односно нов Устав, неопходност од реформи во судскиот систем, бришење на правилото на Бадентер, Балансерот итн.

Второ, донесување на нова стратегија за борба против тешките облици на криминал и високата корупција и донесување на Законот за формирање на независна Агенција за борба против овој вид на криминал.

Трето, деблокирање на евроинтеграциските процеси преку градење на широк политички и граѓански консензус околу следните работи:

– Македонскиот јазик да биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ

– Oбразовните, историските и идентитетските прашања да не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциските процеси, и

– Да се обезбеди реципроцитет со Бугарија со признавање на македонското малцинство во Бугарија.

Четврто, системот за безбедност да се реформира, да поминат сите вработени преку „сито“, да се обезбеди континуирана обука и да се зголемат двојно платите. Не е во ред, ниту може да се очекуваат резултати доколку и натаму главен инспектор прима плата од 45 илјади денари, а јавен обвинител од 130.000 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Спасени две лица кои со „четвороцикл“ излетале во провалија на Шара

Дејан Дејан

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе