Поврзи се со нас

Гостивар

Поетско читање во Гостивар, гимназијалците во слава на пишаната реч и со почит кон стиховите

Објавено

на

Со интерпретација на стихови создадени од безвременски поетски пера во придружба на звуци на гитара, гостиварската гимназија го одбележа Светскиот ден на поезијата, 21 март. Учениците потсетија на многу антологиски песни од признати автори од македонската и светската книжевна сцена, кои оставиле траен белег во кулутрното воздигнување.

Настанот беше организиран во мултикултурен дух со учество на гимназијалците од трите наставни јазици, македонски, албански и турски, а се читаше поезија и на англиски и француски јазик.

„Денес сме тука да и оддадеме почит на уметноста која ги премостува разликите и го обогатува човековиот дух, а тоа е поезијата. Ова е ден кога ја славиме моќта на зборовите кои можат да го изразат сето она што често останува неизречено, да ги допрат најдлабоките катчиња на нашите срца и да не поттикнат на размислување. Да се потсетиме на величината на поетите кои со своите зборови го обликуваа нашето разбирање на светот. Со читање на нивните стихови, да се инспирираме, да создаваме, да сонуваме, и да се изразуваме со иста страст и искреност.“, истакна професорката по македонски јазик и претседател на активот, Жаклина Ѓорѓиоска.

Поезијата е длабок израз на човековиот ум и универзална уметност, поетот во стиховите слободно може да дише и да живее како што сака, зборовите во поезијата освен што значат нешто, тие постојат и како битие, порачаа средношколците.

Програмата на одбележувањето беше збогатена со музички дел.

Како што веќе пишувавме утрово 21 март е прогласен за Светски ден на поезијата.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 7 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 9 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 13 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 14 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 16 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 18 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 19 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена