Диего Коста е херојот на денот, помогнал во спасување на над 100 луѓе

Бразилецот кој играше за шпаснката репрезентација, Диего Коста е херојот на денот. Напаѓачот кој речиси 20 години играше низ Европа, минатата година замина во Бразил каде прво играше за Ботафого, а сега го носи дресот на Гремио.

Освен што е љубимец на публиката поради добрите игри на теренот, Диего Коста ги доби симпатиите и по гестот кој го направи додека се враќаше од еден тренинг. Еден дел од областите на државата Рио Гранде до Сул ги зафати поплава поради која над 150.000 жители мораа да ги напуштат домовите.

Најмалку 85 луѓе досега се загинати а уште 130 се водат за исчезнати. Трагичните бројки можеби ќе беа и поголеми да не беше Диего Коста и неговите пријатели. Фудбалерот заедно со уште четворица пријатели го активирале џет ски и успеале да спасат над 100 луѓе кои биле „заробени“ во поплавените подрачја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести