Балканот се тресе, земјотреси во Србија, Хрватска, Албанија и Грција

Последните три дена на Балканот се регистрирани неколку земјотреси со јачина од до . Земјотреси беа регистрирани во Србија, Хрватска, Албанија и Босна и Херцеговина.

Вчера во Албанија беа регистрирани два земјотреси со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала. Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.

Според информациите на ЕМСЦ, вчера имало земјотреси и во јужниот дел од Грција (2,5 степени), а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани и на Крит.

Вчера во централна Хрватска беше регистриран најсилниот земјотрес од оваа серија балкански земјотреси – 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Италија. По овој потрес, следеа неколку помали.

На 30 април во 5,42 часот беше регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар во селото Текија, во регионот на Кладово во Србија. Земјотресот се почуствувал и во Ниш, Зајечар, Неготин, Долни Милановац, Бор и во другите градови во источниот дел на Србија.

Претходна вестБез струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Следна вестНа денешен ден е востановена Светата причест и Исусовата молитва, се празнува Велики четврток