Претставниците на ФИФА и УЕФА едногласни: ФФМ е една од најбрзо развојните федерации во светот!

Советникот за национални асоцијации на УЕФА, Јозеф Клемен како и регионалениот координатор на ФИФА за европските членки, Марион Гават се дел од видните гости на денешното Редовно Генерално Собрание на ФФМ кое се одржува во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

И двајцата го потенцираа задоволството од начинот на кој изминативе години се развива ФФМ, но и начинот на кој македонскиот фудбал е веќе сериозен дел од најпопуларната игра во светот.

„Одржувањето на цврста врска помеѓу фудбалот од грасрут и елитните натпреварувања e во срцето на новата шестгодишна стратегија на УЕФА, „Обединети за успех“. Со оваа стратегија УЕФА има за цел да го продолжи растот на фудбалот на нашиот континент со тоа што ќе обезбеди различност и вклученост на сите нивоа. Убедени сме дека приоритетите од новата стратегија ќе ја водат нашата убава игра во понатамошен раст и развој во Европа и ќе ги зачуваат принципите на спортски дух и еднакви можности во сите 55 асоцијации членки на УЕФА. ФФМ е една од нив и искрено можам да кажам, една од најбрзо развојните национални асоцијации. Оваа година е многу посебна година бидејќи ја славите 30-годишнината откако станавте член на фудбалското семејство на ФИФА и УЕФА“ – рече Клемент пред делегатите на Собранието на ФФМ, притоа дополнувајќи:

„Оттогаш, многу работи се сменија и на картата на вашата земја се појавија многу нови и реконструирани стадиони и терени. Многу сум среќен што, исто така, благодарение на средствата од програмата Хет-Трик на УЕФА, фудбалската инфраструктура во вашата земја постојано се подобрува што создава добри услови за подготовка не само за вашите национални тимови, туку и за започнување нови грасрут проекти за зголемување на учеството на момчињата и девојчињата и за поттикнување на талентирани елитни младински играчи кои се уште една стратешка цел на вашата федерација. На теренот, овој процес ги донесе своите плодови кога вашите национални тимови до 17 и до 19 години стигнаа до елитните рунди на натпреварувањата на УЕФА, тимот до 21 година го имаше своето деби во финалето на Европското првенство до 21 година во 2017 година и конечно кулминираше со националниот А тим кој обезбеди прво големо учество на финалниот турнир на УЕФА ЕУРО 2020 година. Благодарение на сите овие достигнувања, ФФМ стана добро препознаена и почитувана од УЕФА. Би сакал да ви честитам за ова и во исто време да ви посакам се најдобро и многу ентузијазам за вашите понатамошни активности во развојот на фудбалот во вашата земја. И запомнете, УЕФА е секогаш покрај вас подготвена да помогне и со нетрпение ја очекуваме нашата соработка во иднина“. 

Сосема идентично е размислувањето и на регионалениот координатор на ФИФА за европските членки на ФИФА, Марион Гават се обрати пред присутните.

„Во 1994 година, Фудбалската федерација на Македонија се приклучи на ФИФА како членка. Оваа година славиме триесет години од соработката меѓу нашите две институции. 30 години пријателство, 30 години одлична соработка, соработка за која сум сигурна дека ќе продолжи да расте и во иднина. Користејќи ја оваа прилика, би сакал да подвлечам дека одличните односи на сите нивоа навистина се рефлектираат меѓу нашите раководства за развој на фудбалот во вашата прекрасна земја. Уверени сме дека заедничката работа ќе има позитивно влијание за да го подигнеме фудбалот на повисоко ниво. Што се однесува до развојот на фудбалот, ФИФА е многу горда на бројните заеднички проекти што ги реализира со ФФМ во рамките на програмата ФИФА Форвард. Посебно сме задоволни што гледаме дека финансирањето на ФИФА е ефикасно насочено кон клучната компонента на фудбалскиот развој – инфраструктурата. Надградбата на капацитетите на тренинг центарот„Петер Милошевски“, вклучувајќи ги новите рефлектори и обновувањето на теренот, како и сместувањето за младинските академии на ФФМ, се јасен доказ за долгорочна визија и посветеност за негување таленти. Минатата година, ФИФА го започна третиот циклус на ФИФА Форвард, со што се зголемуваат средствата достапни за секоја асоцијација-членка од шест на осум милиони долари по циклус. Затоа, со нетрпение очекуваме да работиме рака под рака со ФФМ за да продолжиме да ги ставаме овие средства достапни за важни проекти за развој на фудбалот низ Македонија. Од спортски аспект, ви посакувам се најдобро во квалификациитена УЕФА за жени за ЕУРО 2025 против Молдавија на 31, мај и Летонија во јули. Се најдобро за вашата машка репрезентација, која ќе се соочи со Фарски Острови и Ерменија во Лига на нации во септември. За целата работа и силната соработка што ја споменав претходно, дозволете ми да ви се заблагодарам што рамо до рамо работевте заедно со нас во ФИФА и заедно се залагате за развојот на женскиот и машкиот фудбал насекаде и за сите“ – истакна во своето обраќање Гават.

Се вчитува...