Њујорк: Новинарка поднесе тужба за силување против Трамп

Новинарката Е.Џин Керол, која претходно го обвини поранешниот американски претседател Доналд Трамп за силување, поднесе тужба против него во Њујорк.

Тужбата дојде само неколку минути откако стапи на сила новиот државен закон, дозволувајќи им на жртвите на сексуален напад да тужат за напади што се случиле пред неколку децении.

Новинарката бара отштета за болка и страдање, психички повреди, губење на достоинството и нарушување на угледот,пренесе Танјуг.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.