Навивачите револтирани, не сакаат Лопетеги да биде нов тренер

Навивачите револтирани, не сакаат Лопетеги да биде нов тренер

пред 2 недели

Стефано Пиоли, на крајот од сезоната, по пет сезони ќе го напушти Милан. Резултатите се тие кои му пресудијата на тренерот кој на клубот му донесе шампионска титула во 2022 година. Американските газди, минатата недела, според медиумите, донеле одлука Хулен Лопетеги од наредната сезона да го предводи Милан.

Хулен Лоптеги е без работа од октомври минатата година кога се раздели со Вулверхемптон. Италијанските медиуми тврдат дека двете страни си пуштиле рака за тригодишен договор, вреден 4.000.000 по сезона.

Како одговор на плановите на клубот, навивачите на Милан покренаа акција „НОпетеги“. Со ова јасно ставија до знаење дека не го сакаат Шпанецот во тимот.

Фановите на Мила се надеваа дека звучно име ќе седна на клупата. Се надеваа на Антонио Конте, Роберто де Зерби или хитот на сезоната Тиаго Мота.

Share
Scroll to Top