Галијани во 2011 изјави дека целта на Милан е до втората ѕвездичка да дојде пред Интер

Интер по 20-ти пат стана првак на Италија, а со тоа ќе стави и втора ѕвездичка на својот дрес од следната сезона, за секои десет Скудета се става по една ѕвездичка.

Втората ѕвездичка Интер ја осигури со победа синоќа против градскиот ривал Милан, а медиумите на Апенинскиот Полуостров се сетија на една изјава на ексдиректорот на Росонерите, Адријано Галијани, од 2011 година.

Тогашниот директор на Милан, а сегашен на Монца по 18-тата титула на Милан, кога се израмнија со Интер, рече дека целта е до втората ѕвездичка да дојдат пред градскиот ривал.

„Целта е до втората ѕвездичка да стигнеме пред Интер“, рече Галијани во интервју за весникот „Газета дело спорт“ пред 13 години и како да го урочи својот клуб.

Оттогаш Милан само уште еднаш стана шампион на Италија.

- Оглас -

Најнови вести