Уште една распродажба на дел од имотот на Сашо Мијалков

Во 9 часот денеска во Агенцијата за управување со одземен имот извршува продажба на дел од одземениот недвижен имот на ексдиректорот на ДБК, Сашо Мијалков конфискуван во предметот „Империја“.

Имотот ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање кое ќе трае до 12 часот.

„Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба“, е еден од условите во огласот објавен од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

Претходно успешно беше спроведена и реализирана продажбата на вкупно три одземени недвижности од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“.