И Милан и Рома незадоволни од резултатот во последниот меч во 2024 година (Видео)

Екиптите на Милан и Рома ремизираа 1:1 во дербито кое вечерва се одигра на „Сан Сиро“, во рамките од 18. коло на Серија А. Ова е резултат кој не им одговара на двата тима. Милан сега има 27 бодови и е на осмото место на табелата, додека Рома едвај стигна до 20 бодови во досегашниот дел од сезоната и е на 12 позиција на табелата.

Домаќините први се израдуваа на погодок, кога холандскиот интернационалец Рејндерс го искористи контра нападот на Росонерите и погоди за водство на Милан од 1:0.

Само седум минути подоцна, Пауло Дибала со прекрасен шут со волеј удар израмни на 1:1. Во второто полувреме немаше голови, па на крајот двата тима освоија по еден бод.

- Оглас -

Најнови вести