Јордановска: На оние од нас коишто ја започнаа својата граѓанска и политичка кариера во екот на владеењето на Груевски, не ни е непознато функционирањето во опозиција

Промената на власта е нормална и здрава работа во еден демократски систем. Ниту е крај на светот, ниту е крај на една идеја отелотворена, во овој случај, во СДСМ.
Најважно е да се научи од грешките и да не се повторат, оти секое време си е бреме само за себе. Да се споредува ова раководство со било кое друго, во било кое друго време, е интелектуално и логички неиздржано. Ниту Македонија е истата, ниту СДСМ е истото, ниту сме ние дел од генерацијата на нашите родители.
На оние од нас коишто ја започнаа својата граѓанска и политичка кариера во екот на владеењето на Груевски, не ни е непознато функционирањето во опозиција. Но, исто така не ни е непознато функционирањето во недемократско владеење под капата на ВМРО ДПМНЕ. Денешното раководство на оваа партија никогаш не се огради од криминалите на своите членови и тоа не смееме да го заборавиме.
Да бидеме конструктивна опозиција, но ниту во еден момент да не постои сомнеж: Враќањето кон старите тактики и лица НЕ СМЕЕ да биде прифатливо.
ФБ став на Ивана Јордановска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e