До 7 часот утрово на територијата на Македонија има регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 21 пожар – информираат од Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево и Липково, селата Малино, Танушевци и Лукаре, каде со пожар е зафатена ...
Низ државата ситуацијата со пожарите и понатаму е сериозна, иако дел од нив се ставени под контрола, а поголемиот број се успешно изгаснати. На територијата на Македонија до 07:00 часот регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, еден сè уште е активен, пет се под контрола, а 19 се изгаснати, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. Активниот пожар се наоѓа во општина Долнени, кај селото Долгаец, во месноста Тутуница, ...

