Каде се, што прават? Како во земја да пропаднаа некогаш најистурените играчи на СДСМ

Каде се, што прават? Како во земја да пропаднаа некогаш најистурените играчи на СДСМ

Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Мила Царовска, Никола Димитров, Венко Филипче – каде заврши ударната тупаница на СДСМ од времето на пораншениот претседател на социјал-демократите  и струмички бизнисмен?

Од секојденвни појавувања, прес-конференции, фотографии, до дузина нерасчистени скандали, сомнежи за криминал, за сега фамозната шесторка речиси и да ја нема на јавната сцена. Каде ги однесе патот поранешните главни сдсмовски играчи?

Екс претседателот на партијата Заев, го нема го нема па ќе се појави. Не упатува често политчки пораки, но во последниве дена направи исклучок. Се јави со промотивно видео со поддршка за СДСМ на изборите, но и со порака од САД до Ковачевски, дека по пораз оставката е неминовна.

И јас ја презедов целосната одговорност и поднесов оставка, затоа што тоа е демократскиот пат, некој мора да преземе одговорност и да прати порака дека политичарите мора да покажат одговорност рече Зоран Заев – поранешен претседател на СДСМ (28.04.2024).

Зоран Заев го смени името на државата, ја реализираше двојазничноста, го потпиша договорот со Бугарија, и потоа го снема. Сега тој со брат му Вице си раководат со нивната фондација, „Едно општество за сите“.

Откако, според голем дел од граѓаните, ја обезличи Македонија, Заев си се врати на фамилијарните бизниси – јавна тајна е дека неговото семејство има куп фирми од компании за канабис, до фирми за струја, тој вели не бил директор или сопственик на бзинисите туку само комерцијалист.

Негова десна рака беше Никола Димитров – поранешниот министер за надворешни работи, кој беше потписник на договорот во Нивици, договорот кога Македонија ја доби придавката Северна.

Македонија е сотрена,ја слушате ли како лелека Македонија?рече Никола Димитров – поранешен министер за надворешни работи ( 04.12.2016).

Сега и тој раководи со невладина организација Солуција со која често органзира панел дискусии на кои водат дебата за криминалот, корупцијата. Димитров сега е гласен говорник против договорот со Бугарија, а кога беше во Владата за тоа прашање не му се слушаше ни глас.

Од дамите, на главно место во СДСМ беше Радмила Шекеринска, долгогодишен функционер на социјал-демократите. Кога се повече Заев , замина и таа. Шекеринска тогаш кажа дека се повлекува од принципиелни причини, дека не се согласува со дел од политиките на партиското раководство, кои придонеле за поразот на локалните избори, а нафрли една интересна забелешка дека СДСМ покажал дека не учи од грешките. Претходно, таа се повлече и од раководството на СДСМ, каде што беше заменик-претседател и тој потег се толкуваше како нејзино дистанцирање од Заев пред тој да ја исфрли од игра. Минситерстовот со кое раководеше токму таа остана обележано со невообичаени  тендерски постапки за храна, морски плодови, иддиски ореви и сл

Таа се фотографираше и со авион на кој беше знаемто на Ариозна, а на социјаните мрежи го претстави како македонско. Имаше и фотогарфија каде позира  со знакот на  УЧК во позадина во Кичево.

Одлука да не учествува во владата на Ковачевски донесе и Мила Царовска која беше минситер за труд и социјала, но ја белег остави како министер за образование. Таа беше на тапет обидот да воведе дигитално образование, реформа што ја почна и не ја заврши. При промената на системот за образовани екој го планираше Царовска имаше и огроми протести заради тогашните грижи на родителите дека терминот мајка и татко ќе се замени со родител 1 и родител 2.

Главно барањата се да родова рамоправност се исклучи од образовниот систем рече Мила Царовска – поранешен министер за образование (12.05.2021).

По повлекувањето од министерската функција, Царовска воопшто не дава изјави во јавноста, а, според нашите информации, таа се вратила таму од каде што влезе во политиката, односно во невладиниот сектор, во Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА.

И поранешниот вицепремире за економски прашања Кочо Анѓушев без малку никаде го нема. Откако заврши со неговата политчка кариера која ја следеа неколку крупни скандали како оној за изградбата и набавките на модуларната болница во Тетово, Анѓушев си се врати на своите бизниси. Тој моментално е и на црната листа на САД.

Последен, но не помалку важен во фамозната шесторка на пораншеното СДСМ е Венко Филипче кој важеше, а и сеуште е близок пријател на Заев. Тој откако замина од раководните функции во партијата, си продолжи да си работи како неврохирург, и сега повторно се враќа во политчките води како носител на 4 ИЕ на СДСМ. За него се шпекулира дека е тројанскиот коњ на Заев во СДСМ и претендент за претседтел на партијата. Филипче како минисер потклекна на многу предизвици како оној за справвауње со ковид кризата, навабката на вакцини.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )