Breaking News

Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија


– Најмалку 21 човек се повредени откако автобус излета од патот и се преврти во германската западна провинција Северна Рајна-Вестфалија.


Во автобусот имало околу 60 патници односно средношколци од градот Варбург, кои се враќале од посета на Англија. Еден од патниците е потешко повреден, но е вон животна опасност.


Сообраќајната несреќа се случи еден ден откако во близина на градот Лајпциг загинаа четири лица.  ми/фото: МИА архива  .

Извор: МИА