Breaking News

Претставници на меѓународни новинарски организации ќе ги презентираат проценките за правата и безбедноста на новинарите


Претставници на пет меѓународни новинарски и медиумски организации денеска на прес – конеференција ќе ги претстават своите оценки од неколкудневната посета на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) на покана на претседателот на здружението Младен Чадиковски.


  На пресот ќе се обратат претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски, заедно со Ricardo Gutierrez, Albana Shala, Jamie Wiseman, Laurens Hueting, Massimo Moratti кои изминатите неколку дена се во Скопје на покана на ЗНМ.


-Оваа активност е во рамки на „Fact Finding“ мисијата чија цел е да направи проценка за правата и безбедноста на медиумските работници и независноста на медиумите.

Тие ќе ги презентираат своите гледишта и препораки, а предвидени се и изјави за медиуми на крајот на настанот, најавуваат од ЗНМ. вг/ .


Извор: МИА