Финансии / Банкарство
БАНКИТЕ ВО РЕГИОНОТ ПОКАЖУВААТ ПОГОЛЕМА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ
10.12.2024
Банките во регионите на централна, источна и југоисточна Европа и на Западен Балкан бележат позитивни трендови во побарувачката и понудата на кредити. Исто така, банките во овој регион покажуваат поголема подготвеност за давање на кредити, покажало истражувањето за банкарското кредитирање за втората половина на 2024 година. кое го спроведе Европската инвестициска банка.
- Во текот на овој период забележана е поголема побарувачка за кредити од населението и компаниите. Меѓутоа, очекувањата во наредните месеци укажуваат на малку повнимателни проекции, кои се во согласност со глобалните економски предизвици, се нагласува во извештајот.
Во набљудуваниот период има раст на побарувачката за кредити од населението, посебно за хипотекарни и потрошувачки кредити.
- Резултатите упатуваат на враќање на довербата на потрошувачите кога станува збор за задолжувањето. Банките очекуваат зголемување и на инвестициите во корпорациите. Побарувањата за кредити на Западен Балкан се исто така силни, посочуваат од ЕЦБ, пренесува „Капитал.ба“.
фото freepic