Почетна Коментар Кој е паметен ќе сфати…
Кој е паметен ќе сфати…

Кој е паметен ќе сфати…

1.83K
0

“Клуч за разбирањето на пророштвото за крајот на светот се следните Христови зборови: „кај мнозина љубовта ќе олади“. Богочовекот Исус Христос со овие зборови сака да ни ја посочи причината за свршетокот на светот: оладувањето на љубовта. И да го опише тогашното време.

Љубовта ќе олади кај оние што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов само тие имаат. Јасно ви е сега зошто пишувам дека сѐ од нас зависи, од нашето покајание, а не од некакви демонски сили, кои ни смислуваат не знам какви зла? И јасно ли ви е кој е виновен за сѐ што се случува и ќе се случи? Ние самите.

Но, пред љубовта потполно да олади: „мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат, и еден со друг ќе се мразат; многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина“. Ова последното, нема каде толку да се забележи колку на социјалните мрежи. „А кој претрпи докрај, тој ќе биде спасен.“ И кој е паметен, ќе сфати.“

Пишува: Струмички Наум

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *