Пирс Броснан непрепознатлив

Холивудскиот актер Пирс Броснан моментално работи на новиот филм Giant, а фотографиите од сетот брзо станаа вирални.

Пирс Броснан сме навикнати да го гледаме во улогата на Џејмс Бонд, па неговата нова улога во филмот за боксерот Насим Хамед е прилично изненадувачка ако се навратиме на неговиот изглед.

За целта на улогата Пирс изгледа многу постар, речиси е непрепознатлив.

Снимен е во тренерка, а поради шминката многу фанови се увериле дека тоа не е тој.

Да потсетиме, актерот неодамна го коментираше изборот за новиот Џејмс Бонд и го пофали Арон Тејлор Џонсон, потенцијален наследник.