Ракомет Спорт

Македонија на 29.мај ќе ги дознае ривалите на ракометното Светско првенство 2025

Македонската ракометна репрезентација синоќа уште еднаш го докажа својот квалитет, искуство и борбено срце со победата од осум голови разлика против Фарски Острови. Нашите ракометари го избришаа слабиот настап во Торшавн со спектакуларна игра во Скопје пред полните трибини во арената „Борис Трајковски“. Македонија ќе игра на своето деветто Светско првенство во историјата, а седмо по ред.

На маката се познаваат јунаците, а вчера Македонија во своите редови имаше многу јунаци. Борбената игра во одбраната беше евидентна од сите оние кои влегоа на теренот. Нападот беше прецизен и убоит, предводен од феноменалниот Филип Кузмановски со седум голови и пет асистенции. Жарко Пешевски беше непогрешлив од игра со осум голови од осум обиди. Марко Митев имаше шест голови, а Мартин Серафимов го одигра најдобриот натпревар досега во националниот тим со пет погодоци од шест обиди и плус пет асистенции. Милан Лазаревски постигна два гола, но неговата борбеност во одбраната беше клучна заедно со Михаил Аларов.

Сите играчи кои влегоа на теренот имаа своја улога во оваа голема победа, како мирната рака на Никола Костески од седум метри, потоа Јагуриноски, Маркоски, Џонов, Атанасијевиќ, Велкоски, Карапалески, Талески. Голманите ја немаа својата најдобра вечер, но четирите одбрани на капитенот Никола Митревски беа во важни моменти за Македонија.

Ждрепката за групната фаза на Светското првенство е закажана за 29 мај во Хрватска, која е ко-домаќин на турнирот заедно со Норвешка и Данска. Македонија ќе биде во третиот квалитативен барабан. Мундијалот ќе се игра во три хрватски градови Загреб, Вараждин и Пореч, потоа во дански Хернинг и норвешкиот главен град Осло.

Натпреварите почнуваат на 14.јануари, а финалето е закажано за 2.февруари 2025 година.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Рим подготвен за европската атлетска елита

Дејан Дејан

Цехте уште една сезона во дресот на Еурофарм Пелистер

Desk

Билетите за ракометното СП во Вараждин чинат од 50 до 70 евра

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе