Зголемените цени се најголем проблем на Грците

Фото: mia.mk

Зголемувањето на цените на струјата, бензинот и храната се главните теми што ги загрижуваат Грците додека пак разликата меѓу владејачката Нова демократија и опозициската СИРИЗА останува седум отсто, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата „Pulse”.

На прашањето колку денес ги засегаат граѓаните неколку конкретни и актуелни теми во земјата, на првите позиции, според одговорите на анкетираните, се цените на струјата, бензинот и храната со над 85 отсто, потоа следат криминалот, грчко- турските односи, мигрантското прашање, а на последно место е случајот со прислушувањата.

На политичката сцена, владејачката Нова демократија со рејтинг од 33 отсто е на прво место пред опозициската СИРИЗА која има 26 проценти, а потоа следат ПАСОК- Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25, додека пак актуелниот претседател на Владата Кирјакос Мицотакис и понатаму е во предност пред Алексис Ципрас во однос на тоа кој е посоодветен за премиер на земјата.

Во однос на тоа кога би требало да се одржат изборите, поделено е мислењето на анкетираните. Една третина (32 отсто) одговориле на крајот од четиригодишниот мандат (што истекува во јули 2023 година), исто толку рекле порано, а 24 проценти сметаат дека е најдобро изборите да бидат на пролет.

Истражувањето било спроведено од 19 до 22 ноември 2022 година со анкетирани 1.205 лица со право на глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот