Штрудла со нутела и лешници

Подгответе штрудла со нутела и лешници за вистинско уживање со секој залак.

Состојки:
1 квасец
250 мл. вода
250 мл. млеко
2 лажички сол
250 гр. путер или маргарин
3 жолчки
900 гр. брашно
300 гр. нутела
150 гр. лешници

Подготовка:
Квасецот ставете го да стаса. Во сад истурете го квасецот, додадете ги жолчките, растопениот путер, солта и млаката вода, па постепено додавајте го брашното и замесете меко тесто. Оставете го тестото да стаса, поделете го на два дела.
Со сукало развлечете го тестото за штрудла, премачкајте го со половина од нутелата и посипете со половина од сечканите лешници, па свиткајте во ролна. Постапката повторете ја со другата половина од тестото и филот.
Штрудлите премачкајте ги со изматено јајце, благо избоцкајте ги со вилушка и оставете ги да одморат околу половина час. Печете ги на 200 степени околу 45 минути.
Добар апетит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.