Поврзи се со нас

Гостивар

Уставен суд оформи предмети за деловници на 15 општини, меѓу кои и Гостивар

Објавено

на

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 10. Седница на која е предвидено да се дискутира за 15 предмети кои Судот ги оформил по сопствена иницијатива, а се однесуваат на одредби од деловниците за работа на 15 општини.

Како што информираат од Уставен, овие предмети ги оформиле поради индиции дека општините излегле надвор од надлежностите преку доделување на можност Советите да даваат автентично толкување на одлуките кои самите ги донесуваат.

„Пред Судот ќе се дискутираат одредби од деловниците за работа на општините Крушево, Пласница, Крива Паланка, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Струмица, Богданци, Боговиње, Желино, Арачиново, Дебрца, Општина Конче, Општина Петровец, Општина Сарај“, стои во соопштението од Уставен.

Предвидено е гласање и советување за шест предмети, односно донесување на конечни одлуки по предмети за кои Судот веќе дискутирал.

Предлози за одлучување:

  1. Член 6 став 4 од Законот за даноците на имот.

  2. Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството.

  3. Правилникот за формата и содржината на барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето, заведен под бр. 20-5359/7 од 30 декември 2022 година објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 5/2023 од 11.01.2023 година.

  4. Член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.

  5. Точка 9. Автентично толкување на општи акти и членовите 116, 117, 118 и 119, содржани во поглавјето VIII.Постапка за донесување на општите акти од Деловникот на Советот на Општина Бутел, број 07-364 од 19.07.2005 година.

  6. Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга, број 08-1535/3 од 16.04.2018 година.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 5 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 6 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 9 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 10 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 11 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 12 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 13 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 ден

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена