Аталанта со буџет колку тимот што ќе испадне од Премиер лигата го елиминираше Ливерпул

Екипата на Аталанта синоќа загуби на свој терен од Ливерпул со 0:1, но по мечот навивачите на италијанскиот тим се радуваа на пласман во полуфиналето од Лигата на Европа. Тимот од Бергамо победи со 3:0 на првиот меч одигран на „Енфилд роуд“ и со вкупни 3:1 оди понатаму, иако беше голем аутсајдер пред почетокот на овој двомеч.

За тоа каква беше разликата меѓу Аталанта и Ливерпул покажа и фактот дека тимот од Бергамо е на шестото место во Серија А, додека англискиот гигант е во трка за титулата во Премиер лигата. И финансиската моќ е многу на страната на Ливерпул, но на теренот парите не играат.

Колку за споредба, Аталанта има буџет кој е еднаков со буџетот на тимот на Барнли, тим кој е на претпоследното место во Премиер лигата и речиси сигурно ќе испадне од елитното друштво на крајот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести